“МУ ДАДОА 75 МИЛИОНИ ЕВРА, А ТОЈ НЕ ПОКАЖА НИШТО!“ – Новата ‘ѕвезда’ на Арсенал мета на остри критики: “Кога даваш толку пари, очекуваш…“
Славниот ас на Арсенал и француската репрезентација Вилијам Галас е не штедеше на зборови против германскиот фудбалер Каи Хаверц.
Германецот летово пристигна во Арсенал од Челзи во трансфер вреден 75 милиони евра, но не ги оправда големите очекувања.
Вилијам Галас смета дека Арсенал направил огромна грешка со доведувањето на Каи Хаверц.
„Воопшто не сум импресиониран. Тој нема направено ништо откако дојде во Арсенал. Даде еден гол, но тоа е само затоа што Одегард му дозволи да изведе пенал. Тој воопшто не направи ништо и е во неволја“, вели Вилијам Галас и додава: „Мислам дека Арсенал згреши со тоа што го доведе. Ако потрошите толку пари за напаѓач, тогаш очекувате 15 гола во сезона. Мислам дека тоа нема да се случи. Играше три години за Челзи, го познава Лондон и Премиер лигата. Потребно е време да се навикнеш на нов клуб, но тоа време помина“.
Каи Хаверц потпиша договор со Арсенал до 2028 година.
Сезонава на 12 натпревари забележа само еден гол и асистенција.