НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА ЛИВЕРПУЛ – Екипата на Јирген Клоп останува без еден од најважните дефанзивци

Шкотскиот фудбалер и дефанзивец на ЛиверпулЕнди Робертсон ќе мора да оди на операција на рамото и ќе биде надвор од терените „извесно време“, потврди тренерот на ЛиверпулЈирген Клоп.

Енди Робертсон се повреди минатата недела на натпреварот на репрезентацијата против Шпанија во квалификациите за ЕП 2024 година.

Одлуката е да оди на операција. Тоа значи дека тој ќе биде надвор од теренот одреден период. Не знам точно колку време“, кажа Јирген Клоп.

Јирген Клоп додаде дека постоела шанса да не оди на операција, но по разговорот со сите експерти, операцијата е најдобрата работа, особено на долг рок.

Енди Робертсон стартуваше за Ливерпул во првите осум кола од англиската Премиер лига.

Ливерпул моментално е четврти во првенството, со три бода помалку од лидерот Тотенхем.