Му нуделе 200.000 евра, тој ги одбил: Неговиот колега ја откри причината – Еве зошто Оливер Драгојевиќ не сакал да пее во Србија! (фото)
Поминаа 5 години откако нè напушти легендарниот Оливер Драгојевиќ. Неговите песни сè уште се меѓу најслушаните, а нема човек кој не се израдувал или натажил со песните “Cesarica”, “Dva puta san umra”, “Trag u beskraju”, “Ko sam ja da ti sudim”…
Српската публика во последните 30 години немаше можност концертно да ги слушне овие песни.
Пејачот Оливер Мандиќ еднаш проговори за причините зошто е тоа така.
,,Оливер е одличен пејач. Срамота е што не може да дојде во Белград. Му понудив 200.000 евра за да направиме концерт “Два Оливера” во Филхармонијата. Ситуацијата беше многу специфична во неговата околина. Тој рече дека ако тој се врати во Сплит, по концертот во Белград, ќе мора да се грижи за животот на синовите“.
Драгојевиќ зборуваше за настап во Белград во интервјуто кое и’ го даде на Тања Петернек Алексиќ во емисијата „ТВ лица.
Кога водителката го прашал дали Белград ќе се најде на списокот на градови каде што ќе го одржи концертот, тој рече:
„Нема, не. Таа тема е одамна затворена”.