Му плати кирија за една година и три оброци на ден: Марија Шерифовиќ го посети Мустафа од Тузла кој спиеше под мост! (фото)
Пејачката Марија Шерифовиќ го исполни ветувањето и конечно дојде во посета на едно момче од Зеница, Мустафа Хрустиќ, за кој се слушна откако беше објавено интервју со него, а во кое се гледа како спие под мост во споменатиот град.
Го изненадила Мустафа и го посетила во станот во кој неодамна се вселил, а ветувањето како и секогаш го исполнила и на Мустафа му ја платила киријата за станот за следната година, од крајот на август годинава до крајот на август следната година.
Покрај киријата, на газдарицата и’ дала и пари за сметки, исто така за една година.
По посетата на Марија, нејзиниот менаџер го однел Мустафа во блискиот ресторан во неговата родна Зеница, каде што, додека сака, ќе има бесплатни оброци – три дневно.
– Мустафа е прекрасно момче, сигурно има илјадници вакви примери, но ако малку му го подобриме животот и му го олесниме макар и за момент, тогаш тој ќе биде успешна и надежна личност – изјави Марија.