МУ СЕ ЗАКАНУВААТ 20 ГОДИНИ ЗАТВОР! Американскиот новинар Еван Гершкович е официјално обвинет за шпионажа во Русија

Американскиот новинар Еван Гершкович, уапсен во Русија минатата недела, денеска е официјално обвинет за „шпионажа“, обвинение што тој го негира, објавија руските државни агенции.

Според тамошните медиуми, Гершкович, дописникот на The Wall Street Journal, кој претходно работел за APF, бил кривично гонет според член 276. од рускиот кривичен законик.

На новинарот му се заканува казна затвор од 20 години.

Агенцијата ТАСС објави дека новинарот „категорично“ ги отфрлил обвинувањата.

Гершкович (31 г.), репортер од рускојазичното подрачје, познат по својата темелност, беше уапсен во Екатеринбург под сомнение за „шпионажа“.

На американскиот новинар му е одреден притвор до 29. мај. Тој притвор може да биде продолжен до евентуално судење.