Му соопшти на мажот дека е бремена после 15 години неуспешни обиди: Веќе се помириле со судбината, а потоа се случило чудо! Вака реагираше тој (видео)

Бри и Стивен Овенс се обидувале да станат родители веќе 15 години. За тоа време посвоиле четири деца, а кога конечно дознала дека е бремена , Бри решила да ја сними реакцијата на нејзиниот сопруг на радосната вест.

Бри почнала да го задева својот сопруг за можноста таа да забремени во блиска иднина, што тој тоа го нарече лудост. По половина минута Бри му открила на сопругот дека претходно направила тест за бременост и бил позитивен.

По кратка пауза и двајцата почнаа да липаат, а солзи радосници почнаа да течат по лицето на Стивен.

„Дали е ова шега“, праша низ солзи.

Парот се обидувал да добие биолошко дете од 2008 година, а потоа реши да се помири со судбината. Тие не престанаа да се обидуваат, но откако дознаа дека се неплодни, во 2013 година се пријавија за посвојување на нивното прво дете. Барањето било одобрено во 2015. Најмалото посвоено дете е деветмесечниот Вилијам, кој во нивниот дом пристигнал на почетокот на оваа година.