Навлаките за перници се 17.000 пати повалкани од тоалетната школка: Оваа студија сигурно ќе ви ги промени старите навики
Ако не ги миете редовно навлаките и чаршафите , едно неодамнешно истражување може да ги промени вашите навики.
Советите на експертите е постелнината да се мие најмалку еднаш неделно за да се одржува хигиената, а зад ова „правило“ се крие многу силна причина детално објаснета во новото истражување на компанијата „ Америслип “.
Сите мислиме дека најголемото присуство на бактерии има во бањата, поточно во тоалетот, но новото истражување јасно го демантираше тоа. Неизмиената постелнина може да содржи незамисливо повеќе.
По една недела, колку што траело самото истражување, постелнината, поточно навлаките за перници, содржела околу 3 милиони колонии бактерии, што е 17.000 пати повеќе од она што се наоѓа на тоалетот . Постелнината имаше во просек по пет милиони колонии, што е 25.000 пати повеќе отколку на тоалетното седиште . До четвртата недела од студијата, резултатите беа уште полоши. Навлаките за перници имаа речиси 12 милиони колонии, додека чаршафите имаа близу 11 милиони, што го надминува нивото на бактерии и во чиниите за кучиња и во држачите за четки за заби.
Дали е опасно бактериско?
Некои од нив може да бидат опасни, вклучително и грам-негативни стапчиња кои можат да предизвикаат отпорност на антибиотици и инфекции, како и бацилус, познат по тоа што предизвикува труење со храна. Сепак, не сите бактерии се штетни – некои се релативно безопасни грам-позитивни бактерии.
Иако бактериите се насекаде, вклучително и на нашата кожа, важно е да се минимизира изложеноста на штетни микроби, особено во околината во која спиеме.
Решението?
Мијте ја постелнината секоја недела. Оваа едноставна практика помага да се намали акумулацијата на бактерии, го одржува вашиот кревет свеж и создава поздрава средина за спиење.