НАГОРНО-КАРАБАХ ПРЕСТАНУВА ДА ПОСТОИ ОД ОВОЈ ДАТУМ – Потпишан указот за распуштање на сите државни институции !?

Нагорно-Карабах ќе престане да постои од 1. јануари 2024 година. Претседателот на непризнатата република, Самвел Шахрамањан, потпиша указ за распуштање на сите државни институции и организации, пренесува медиумската агенција Reuters.

Во декретот се наведува дека од тој ден ќе престане да постои самопрогласената држава. Азербејџан започна воена операција во Нагорно-Карабах на 19. септември, нарекувајќи ја „антитерористичка акција“ за враќање на уставниот поредок во регионот. Ереван ги окарактеризира овие акции како агресија, велејќи дека нема ерменски единици во Нагорно-Карабах.

Еден ден подоцна, со посредство на руските мировни сили, беше постигнат договор за прекин на огнот, а меѓу условите на примирјето беше истакнато и разоружувањето на ерменските формации. На 21. септември, во азербејџанскиот град Јевлах се одржа состанок на претставници на карабашките Ерменци со делегацијата на Азербејџан, посветен на интеграцијата на регионот во Азербејџан.

На 22. септември тие го информираа Министерството за одбрана на Русија дека вооружените формации на Нагорно-Карабах почнале да предаваат оружје и воена опрема под контрола на руските мировни сили. Истиот ден, помошникот на претседателот на Азербејџан, Хикмет Хаџиев, кажа дека интеграцијата на Ерменците од Карабах во економскиот, политичкиот и општествениот живот на Азербејџан ќе биде тешка и дека мора да се подготвиме за фактот дека некои ќе одлучат да заминат.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на средбата со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на 25. септември изрази уверување дека процесот на реинтеграција ќе биде успешен.