НАДАЛ ДЕФИНИТИВНО СЕ ВРАЌА! Рафа го зголеми ИНТЕНЗИТЕТОТ на тренинзите, веќе се подготвува за Австралија!

Очигледно шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе биде подготвен за стартот на следната сезона.

Надал се подготвува многу во својата академија.

Во најновото видео кое е објавено, Рафа може да се види како се подготвува на тврдиот терен, каде што ќе игра на стартот од сезоната во Австралија.

Според познавачите на неговата работа, Надал значително го зголемил интензитетот на тренинзите.

Желбата на Надал е да одигра барем уште една сезона на АТП турнејата.

Досега Надал има освоено 22 Грен слем турнири, два помалку од Новак Ѓоковиќ, кој има 24.

Има многумина кои се убедени дека 2024 година ќе биде неговата последна натпреварувачка година.