Надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, а пациентите на Онкологија седум дена се без потребната биолошка терапија“, велат од СДСМ
„Додека надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, пациентите на Клиниката за онкологија седум дена се без потребната биолошка терапија која им е животно потребна. Ова е вистинска хуманитарна катастрофа која е резултат на крајно аматерскиот и неорганизиран пристап на власта“, рече Белкиса Зеќири, Комисија за здравство на СДСМ.
„И наместо решенија за пациентите, за граѓаните ја слушаме власта со изговори. Комплицирани биле административни процедури, немало време регистар за лекови, зголемен бил бројот на пациентите, до последно каде директорот на Фондот за здравствено осигурување на кого му требало време за нешто да сработи.
Дополително, Клековски се правда дека една од причините за недостигот на билошките лекови е укинувањето на дозволата на директорите да ги набавуваат овие лекови на реверс.

Па ако цела 2024 година не се земале лекови на реверс што се чекало до сега? Зошто не се реагирало порано, зошто не се направил план за набавки, зошто се дозволи да се доведе во прашање животот на онколошките пациенти?
Овие изговори се недозволиви во услови кога е во прашање човечки живот. Дали власта знае дека животот на пациентите со метастатски канцер е загрозен и зависи токму од оваа терапија?
Одговорноста за голготата низ која поминуваат онколошките пациенти е целосно кај власта поради неодговорното и ненавремено планирање и финансирање на јавните набавки за овие лекови.
Онколошките пациенти од цела Македонија се соочуваат со недостиг на потребната терапија, недостиг на здравствен кадар и елементарни услови за лекување.
Овој колапс што се случува на Клиниката за радиотерапија и онкологија е уште еден показател за неспособноста на премиерот Мицкоски и министерот Таравари, да одговорат на потребите на граѓаните и генерално на целокупниот здравствен систем.
Нема ништо од ветувањата за реформи и подобрување на здравствениот систем. Ова е тотална незаинтересираност и неодговорност кон пацинтите чијешто здравје е доведено во прашање, додека во истовреме безсрамно се трошат народни пари на мебел, коли, нови авиони и луксуз.
И сега решенијата што се споменуваат дека преку донации ќе се обезбедувале лековите е срамна.
Лекови од донации а владата авион сака да купува и илјадници евра за шетање по странство да троши, пари на граѓаните.
Го повикуваме ресорното Министерството и Фондот за здравствено осигурување итно да преземат мерки за обезбедување на потребната терапија за сите пациенти и да не ризикуваат со здравјето на граѓаните. Истовремено, апелираме надлежните да преземат и мерки за зголемување на здравствениот кадар на Клиниката за онкологија и радиотерапија.
Граѓаните заслужуваат здравствен систем кој функционира превентивно, одговорно и во интерес на нивното здравје. Никој и ниту една влада нема право да го ризикува здравјето на граѓаните!“, соопшти Белкиса Зеќири, Комисија за здравство на СДСМ.