– Саудиска Арабија вчера објави дека досега примила повеќе од 1 милион аџии на овогодинешниот аџилак.
„Околу 1.150.000 аџии веќе пристигнаа во Саудиска Арабија на аџилак“, изјави Мохамед ел-Биџави, потсекретарот на Министерството за аџилак и умра, за државната телевизија Ел-Екбарија.
„Пристигнувањето на аџиите продолжува да се зголемува заедно со континуираните подготовки“, додаде Ел-Биџави.
Саудиска Арабија очекува оваа година да биде домаќин на повеќе од 2 милиони аџии кои ќе дојдат во земјата да ја извршат својата света обврска.
Според правилата на исламот, извршувањето на аџилакот е една до петте свети должности на секој муслиман.