Повеќе од 16.000 луѓе се собраа во Милано за време на викендот за да му оддадат последна почит на легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани, кој почина на 91-годишна возраст.
Просторот на театарот „Армани“ беше исполнет со илјадници ожалостени кои чекаа во долги редици, некои и до два часа, за да се збогуваат со модниот гигант. Денес, повеќе од 10.000 луѓе присуствуваа на церемонијата, потврдувајќи колку Армани беше сакан и ценет низ целиот свет, според РИА Новости .

Џорџо Армани почина во четврток , опкружен со семејството и најблиските, а неговиот погреб ќе биде приватен, во согласност со неговите желби. Тој беше погребан во семејната гробница во Ривалта, во близина на Пјаченца, каде што е роден. Пред неколку години, дизајнерот го реновира семејниот мавзолеј, каде што почиваат неговите родители и брат.
Последно збогување во кругот на семејството
Последното испраќање се одржа во понеделник во црквата „Свети Мартин“, со присуство на само 20 луѓе, исклучиво со покана . Ова скромно испраќање ја одразува желбата на Армани погребот да биде приватен, подалеку од јавноста и медиумите.
Веста за смртта на Армани го потресе светот на модата, а неговото наследство засекогаш ќе остане врежано во историјата на високата мода. Неговата работа, минималистичкиот дизајн и безвременската елеганција, влијаеле врз генерации дизајнери и остануваат симбол на италијанскиот стил.