Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе се обучуваат теоретски и практично за справување со пожарите во Македонија. Нивниот ангажман ќе биде сезонски и ќе биде финансиски поддржан од Владата со по 24 илјади на секој работник, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Одтаму информираат дека обуките веќе се во тек низ 13 градови во државата, со кој се покриваат 28 општини низ државата. Младите лица кои се пријавени на обуките, ќе поминат дводневна обука, со која ќе бидат спремни за само една недела да излезат на терен во справувањето со огнените стихии.

Дел од овие лица, ќе бидат распоредени низ локалните територијални противпожарни единици, а друг дел од нив, ќе бидат во Скопје во Дирекцијата за заштита и спасување. Лицата кои ќе бидат распоредени во ДЗС ќе продолжат со обуките, а по појава на мали пожари кои не се од голем ризик, сезонските работници ќе бидат постепено искористувани да работат на терен и да ги усовршуваат своите способности.

„Со оваа мерка, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека има цел да ги стимулира младите кои не се вработени, да го направат првиот чекор, а потоа оние кои ќе се докажат да добијат и вработување во противпожарните единици низ државата. Исто така да потсетиме и дека за прв пат по 7 години, се употребуваат 38 пренаменети армиски и полициски возила, на располагање се и хеликоптери и авиони, со кои успешно се справуваме со пожарите кои се појавуваат ова лето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.