Ужасните услови за работа и ниските плати сè уште се главната причина што работниците бегаат од Mакедонија. Овој тренд не запира со децении, додека Словенија е честа дестинација за работниците од Македонија.
Во Словенија во 2023 година издадени или продолжени дозволи за престој и работа на 6.943 граѓани на Македонија, информираат од МВР за порталот „Работник“.
Од 1 јануари до 31 мај годинава 2.585 граѓани добиле нови работни дозволи или нивно продолжување.
Словенија е една од земјите што граѓаните на Македонија често ја избираат за работа, и постојана и сезонска, но главни дестинации остануваат Германија, главно за постојана работа, а Хрватска и Италија за сезонска работа.
Освен за работниците, Словенија е поатрактивна и за македонските студенти, кои секој пат во поголем број се пријавуваат за студирање таму.