Според податоците на Државната агенција за статистика, во четвртиот квартал од 2023 година, стапката на слободни работни места е 1,90%. Бројот на пополнети работни места е 491.188, а слободни се 9.518.
Највисока стапка на слободни работни места има 3,44% во секторот Ф – Градежништво, а најниска стапка има во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, која изнесува 0,47%.
Највисока стапка на слободни работни места имаат деловните субјекти со 250 или повеќе вработени, која изнесува 2,05%.
Највисока стапка на слободни работни места има регионот на Пелагонија која изнесува 2,62%.
Најголем број на огласи, односно 2.656, има во петтата група професии – Работници во услужни и продажни дејности.