Жените со пеги се поделени во две групи – оние кои ги мразат и оние кои ги обожаваат! Додека некои избираат да ги прифатат и ги сметаат за шармантен знак на убавина, па дури и сакаат да ги истакнат, други би сакале да исчезнат што е можно поскоро.
Овие другите сигурно не можат да поднесат да се погледнат во огледало во текот на летото бидејќи пегите се „шират“ под влијание на сончевите зраци.
На појавата на пегите влијаат и гените, што значи дека не можете многу да направите за да ги спречите, но можете да ги намалите. Останете подалеку од сонце, носете капа со широк обод за да го заштитите лицето, вратот и рамената и обидете се со неколку природни третмани кои ќе помогнат да се избледат пегите и да се направат помалку видливи.
Сокот од лимон е избор број еден поради неговите природни својства за избелување . Нанесете сок од лимон со стапче за уши токму на пегите и почекајте 20 минути, а потоа исплакнете. Третманот со сок од лимон е корисен поради витаминот Ц, кој ја зголемува природната заштита на кожата од УВ зраците. После тоа, не излегувајте на сонце, а на лицето нанесете хидратантна крема, бидејќи лимонот ја суши кожата.
Ренот е уште еден ефикасен природен лек за пеги. И покрај силниот мирис и својствата кои предизвикуваат солзи, рен се користи за лекување на кожни проблеми како што се пеги и флеки. Измешајте една лажичка рендан рен со една лажичка цвекло и додадете доволно минерална вода за да направите густа паста. Оставете ја смесата на кожата 30 минути и исплакнете со ладна вода. Користете го овој третман три пати неделно.
Куркумата е позната како осветлувач на кожата. Чувајте ја маската од лажичка куркума во прав, малку јогурт и пченкарно брашно на лицето околу половина час, а потоа измијте ја. Покрај намалувањето на дамките, ќе забележите и посветла кожа.