Наместо витамин ги голтнала слушалките: Кога сфатила што направила, настанала паника, а нејзиното објаснување е урнебесно (ВИДЕО)

Американката Тејна Баркер (52) разговарала со пријателка и во еден момент сфатила дека мора да ги испие витамините. Во едната рака држела слушалки од Apple AirPod, а толку била занесена во разговорот со својата пријателка што наместо витамините ги голтнала слушалките, пишува Unilad.

,,Утрово ми се случи ситуација со која сè уште не сум се справила. Бев на прошетка и налетав на мојата пријателка”, рекла жената во своето видео на TikTok.

Својата грешка ја сфатила неколку секунди подоцна, со оглед на тоа што ја проголтала слушалката заедно со водата.

„Имав апчиња во раката но по грешка ги голтнав моите AirPod слушалки“, им се пожали жената на своите следбеници.

Таа почнала да паничи и се јавила во болница за да и’ кажат што да прави. Лекарите и објасниле дека нема друг избор освен да чека слушалката природно да го напушти телото.

„Се согласувам со она што го предложија. Не знам дали некој некогаш го направил тоа. Срамота. Но, го направив тоа, па ќе видиме што ќе се случи. Ќе го послушам советот на професионалците.