Нападнати Курската и Белгородската област! Русија на удар на украински дронови! Мета беше градот Граиворон, погодени куќи, пресечен гасоводот!

Беспилотно летало на вооружените сили на Украина синоќа беше соборено над Курската област.  Рускиот воен персонал во неделата навечер уништи беспилотно летало на небото над регионот Курск, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Синоќа дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија украинско беспилотно летало над територијата на регионот Курск“, се вели во извештајот.

Беспилотни летала на вооружените сили на Украина го нападнаа градот Грајворон во Белгородската област а како што пренесуваат руските медиуми, во нападот нема жртви.  Ова на својот канал Телеграм го потврди шефот на регионот Вјачеслав Гладков.

„Поради падот на експлозивна направа од дрон, се запали камион”, напиша гувернерот, додавајќи дека „пожарникарските екипи брзо го изгаснаа пожарот“.

Гладков пријавил дека друг непријателски дрон нападнал станбен блок во градот.

При нападот искршени се прозорци, оштетени фасади и огради во две куќи, а пресечен е и гасовод.

Според шефот на регионот, истекувањето на гас е запрено.

Според првичните информации нема повредени, додаде Гладков.