Нападнат е Израел, бомби летаат над Тел Авив! Мета се Ашдод, Хаифа и други градови! Ракети целат воени бази, луѓето бегаат! (ФОТО/ВИДЕО)
Либанскиот Хезболах денеска соопшти дека извршил напад со беспилотни летала и ракети врз воените бази во Тел Авив и на југот на Израел, објави Франс прес.
Опишувајќи ја како сложена операција, проиранската организација изјави дека истрелала „серија од ракети и лансирала роеви беспилотни летала“ врз воената база во Тел Авив.
На едно видео се гледа како ракета погодува станбена зграда во Хаифа.
Во посебно соопштение се додава дека беспилотните летала со експлозив биле лансирани во поморската база во Ашдод во јужен Израел.
Израелските медиуми објавија дека сирените се огласиле во централниот дел на Израел додека од Либан биле истрелани ракети со долг дострел, додавајќи дека израелската војска ги проверува деталите.
Подоцна беше објавено дека околу десет ракети биле истрелани од Либан кон централен Израел, а неколку биле пресретнати. Засега нема извештаи за можни повредени.
Малку порано, како одговор на тврдењето на Хезболах дека поморската база во Ашдод на југот на Израел била цел на беспилотни летала во 9:00 часот, беше објавено дека во тој момент не се слушнале предупредувања од беспилотни летала, ниту во близина на границата со Либан во северот, ниту во близина на Ашдод, и дека војската не знаела за тоа.
Сирени се слушнаа во Хаифа и северните градови на Израел. Пред тоа, сирените беа активирани во
Тел Авив и околните градови и населени места.