,,Нападнат е Севастопол” Морничава снимка од моментот на ударот снимена на камера – звуците на руската противвоздушна одбрана и украинските ракети се слушаат наизменично (ВИДЕО)
Украинците успешно го нападнаа Севастопол, погодувајќи го седиштето на Црноморската флота.
Иако по нападот на интернет се појавија многу снимки, моментот на ударот до сега не сме го виделе.
На социјалната мрежа Х се појави видео од едно момче кој го снима токму моментот кога украински ракети го надлетуваат Севастопол, а руската воздушна одбрана ги одбива нападите.
– Мислам дека се слуша противвоздушната одбрана веднаш над мене, среде Севастопол – изјавил изненаден човекот кој го снимал моментот на експлозиите.
Во далечината може да се слушне одгласот на руската противвоздушна одбрана која ги одвраќа украинските ракети.
– Ова е бизарна сцена. Луѓето одмараат со своите деца и уживаат во прекрасното пристаниште, а над нас летаат проектили. Севастопол е нападнат – рече момчето од видеото.
Сепак, во низа звуци за противвоздушна одбрана, одекна силен и застрашувачки звук на проектил, кој веруваме дека е оној што го погоди седиштето на Црноморската флота, при што животот го загуби еден руски војник.