,,Нападот врз Иран започнува наскоро!” – Стејт департментот предупреди на одмазда, нареди итна евакуација!
На американските претставници им е кажано дека Израел е целосно подготвен да започне операција во Иран, изјавија неколку извори за Си-Би-Ес њуз.
САД предвидуваат дека Иран би можел да возврати со напад врз одредени американски објекти во соседен Ирак, што е дел од причината зошто им советуваше на Американците да го напуштат регионот претходно во среда.
Стејт департментот им нареди на владини претставници кои не се од итен карактер да го напуштат Ирак поради „зголемени регионални тензии“, а Пентагон им овласти на членовите на семејствата на војниците доброволно да ги напуштат локациите низ Блискиот Исток, изјави официјален претставник на одбраната за Си-Би-Ес њуз.
Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, сè уште планира да одржи шеста рунда разговори со Иран за неговата нуклеарна програма во наредните денови, изјавија двајца американски претставници.

Американскиот претседател зборуваше за Иран на митингот во Центарот „Кенеди“ во средата, објаснувајќи им на новинарите дека Американците биле предупредени да го напуштат регионот „бидејќи може да стане опасно место, па ќе видиме што ќе се случи“. Тој повтори дека САД не сакаат Иран да развива нуклеарно оружје, додавајќи дека „нема да го дозволат тоа“.
На прашањето зошто на членовите на семејствата на воениот персонал им е дозволено доброволно да го напуштат регионот, Доналд Трамп кратко одговори: „Ќе видите“.
Иранскиот министер за одбрана, Азиз Насирзаде, во средата изјави дека ако разговорите не успеат, Иранската револуционерна гарда ќе „ги нападне сите американски бази во земјите домаќини“, додавајќи дека тоа е опција ако „им се наметне конфликт“.
Израелските претставници и портпаролите на Белата куќа одбија да коментираат за ситуацијата.
Администрацијата на Трамп се обидува да постигне договор со Иран што би ја ограничил нуклеарната програма на земјата, додека меѓународните набљудувачи предупредуваат дека Иран продолжува да збогатува ураниум до нивоа блиски до оние потребни за изградба на нуклеарно оружје. Преговорите се чувствителни и не е јасно дали земјите се блиску до договор.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со години изразува сомнежи за каков било договор со Иран. Израел и Иран се во конфликт уште од Иранската револуција во 1979 година, а кабинетот на Нетанјаху тврди дека Израел спровел „безброј отворени и тајни операции“ за да го забави развојот на нуклеарната програма на Иран.
Минатиот месец, Трамп рече дека го замолил Нетанјаху да не го напаѓа Иран додека неговата администрација се обидува да преговара со режимот.
„Му реков дека тоа не би било соодветно сега бидејќи сме многу блиску до решение“, објасни Трамп.
Поранешниот американски претседател Барак Обама склучи договор со Иран во 2015 година со кој се ограничува обемот на иранската програма за збогатување ураниум, и покрај противењето на Нетанјаху, кој тврдеше дека Иран е несигурен партнер и тајно го крши договорот.
Трамп се повлече од тој договор за време на неговиот прв мандат и значително ги заостри санкциите врз Иран, додека тие истовремено ги зголемија своите залихи на ураниум. Во извештај објавен пред две недели, Меѓународната агенција за атомска енергија процени дека Иран збогатил 408,6 килограми ураниум до чистота од 60 проценти, што е многу блиску до 90-те проценти потребни за производство на нуклеарно оружје.
Во сведочењето пред Конгресот претходно во среда, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет рече дека „постојат многу индикации дека тие се движат кон нешто што многу личи на нуклеарно оружје“.