Напад на сопругата на Здравко Чолиќ – Обожавателка со нож ја нападна сопругата на Чола: „Таа ѝ го пресече лицето“ (фото)
Здравко Чолиќ во текот на целата кариера беше миленик на женската публика, а имаше и голем број обожаватели.
За жал, понекогаш може да има и друга, помрачна страна, а пред многу години се случи инцидент на кој Чола и ден денес се сеќава.
– Сум поминал и доживеав многу во животот. Еднаш обожавателка ја нападна мојата сопруга со нож и и’ го расече лицето. Сандра полуде, но оваа малку ја исече, за среќа без поголеми последици. Тоа беше многу одамна, но сè уште го паметам до ден-денес. Мојата сопруга немаше некои други поголеми непријатности, бидејќи не се експонира, не е таков тип, а верувам дека сопругата и децата треба да бидат подалеку од очите на јавноста – изјави Чола во едно интервју, пишува Express.ba.
Тој, исто така, смета дека е некаква среќа во несреќата што неговата законска сопруга не е љубоморна и драмата завршила многу брзо.
– Мојата сопруга реагираше соодветно. Таа ја разбира мојата работа – објасни пејачот.