Водни дронови го нападнаа рускиот пристанишен град Новоросијск на брегот на Црното Море, тврди градоначалникот Андреј Кравченко.
На различни канали на руската Телеграма тој изјави дека жителите слушнале силни експлозии, пренесува Телеграф.
Украинците засега не ги коментираат овие тврдења. Новоросијск стана клучно пристаниште за руската флота во Црното Море по инвазијата на Крим, каде руските сили концентрираа многу бродови на полуостровот.
Киев изврши и голем број успешни напади на пристаништето Новоросијск од почетокот на руската окупација, особено во август минатата година, кога беше сериозно оштетен воениот брод Оленегорски Горњак.
Руското Министерство за одбрана тврди дека нивните сили уништиле два украински водени беспилотни летала кои се движеле кон Новоросијск.
The Russian port of Novorossiysk faced an early morning unmanned marine drone attack today.
— KyivPost (@KyivPost) September 5, 2024
This key port has become the new base for the surviving members of Russia’s Black Sea Fleet following Ukrainian drone strikes on Crimea.
Additionally, this is Russia’s main commercial… pic.twitter.com/GtUmRbxn38