Напаѓачот од Минхен беше многу популарен: Сакаше луксуз и беше миленик на жените, а сега се огласи и откри дали намерно налетал на луѓето (ФОТО)

Најмалку 28 лица се повредени во Минхен кога автомобил влета во толпа луѓе, соопшти полицијата, додавајќи дека возачот е приведен, а неговиот идентитет е откриен.

Станува збор за Авганистанецот Фахруд Н.(24). Тој е професионален бодибилдер и имаше десетици илјади следбеници на неговите сега веќе непостоечки профили на социјалните мрежи на Instagram и TikTok.

Најчесто се сликал покрај скапи автомобили и покажувал скапи работи и часовници, а има и фотографии од натпревари во бодибилдинг каде освојувал медали.

Надлежните органи утврдиле дека делото имало исламистичка позадина, соопшти денеска обвинителството.

„Тој призна дека намерно налетал на толпата демонстранти. Внимателна сум да донесувам избрзани заклучоци, но врз основа на сите информации што ги имам досега, можам да кажам дека злосторството имало исламистички мотив“, рече обвинителката Габриела Тилман.