Напаѓач прободувал со нож случајни минувачи! Хорор во Париз: Едно лице загина, друго е повредено

Едно лице загина, а друго е повредено откако вооружен маж нападна минувачи во центарот на Париз, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.

– Полицијата штотуку уапси напаѓач кој нападна минувачи во Париз, околу кејот Гренел. Париската противпожарна бригада пронашла едно мртво и едно повредено лице. Избегнувајте го просторот – напиша министерот на мрежата Х.

Според информации на BFMTV, маж нападнал со нож случаен минувач на мостот Бир Хакеим околу 21:45 часот. Жртвата починала од кардиореспираторен застој. Тој е маж од германска националност и е роден на Филипините.

Напаѓачот нападнал уште најмалку двајца туристи со чекан а потоа бил уапсен. Полицијата употребила електричен пиштол за шок за да го онеспособи напаѓачот.

Според информациите на BFMTV, напаѓачот е Арманд Р., роден 1997 година, познат по радикален исламизам и психијатриски нарушувања. Има француско државјанство.

Националното обвинителство за антитероризам ја проценува ситуацијата во оваа фаза и сè уште не започнала истрага.