НАПОЛИ ДОБИ НОВ ТРЕНЕР – “Аѕурите“ го отпуштија Руди Гарсија и го заменија со добро познато име

Фудбалскиот клуб Наполи го смени шефот на стручниот штаб, Руди Гарсија, а за прв тренер го назначи Валтер Мацари, објави актуелниот шампион на Италија.

Наполи реши да го смени тренерот по првенствениот пораз од Емполи.

Руди Гарсија летово го замени Лучијано Спалети на клупата на Наполи, а на 16 натпревари забележа осум победи, четири нерешени и четири порази.

Наполи моментално е на четвртото место во италијанската Серија А со 21 бод, 10 помалку од првопласираниот Интер.

На клупата на актуелниот шампион на Италија, Руди Гарсија ќе биде заменет со Валтер Мацари. Тој веќе го водеше Наполи од 2009 до 2013 година, а во 2011 година со Наполи го освои Купот на Италија.

Во текот на кариерата, Валтер Мацари ги водеше Торино, Ватфорд, Интер, Сампдорија, Реџина, Ливорно и Пистоезе.