Направете МОЌЕН ЛЕК ОД коприва за подобра КРВНА СЛИКА – 4 состојки, само 10 минути: Еликсир на здравјето во тегла

Рецепт за лек од коприва кој ја подобрува крвната слика, помага при анемија и го зајакнува имунитетот – само 4 состојки, 10 минути!

Младите листови од коприва почнуваат полека да никнуваат, па не смееме да заборавиме дека ова растение е полно со железо, идеално за прочистување на крвта и совршен борец против анемија. По зимата и тешката храна, компривата може да биде природен лек за прочистување на крвта, а во случај на анемија може да ја подобри крвната слика, како и да го зајакне имунитетот и да го намали ризикот од воспаление во организмот.

Ви пренесуваме рецепт за подобра крвна слика во кој се користат семки од коприва, но се додаваат и сурови бадеми – јаткасто овошје кое е извор на железо. 100 грама бадеми содржат 3 мг железо. Сите состојки во овој еликсир на здравјето кога ќе се соединат прават моќна имунолошка бомба. Се препорачува да го земате лекот околу 10 до 14 дена, по 3 супени лажици дневно. Ќе ви требаат околу 10 минути за да се подготвите.

Компоненти:

  • 50 гр семки од коприва
  • 100 гр бадеми
  • 2 лимони
  • 350 гр домашен мед

Подготовка:

Во теглата прво додадете го медот, па семето од коприва, па добро измешајте да се соединат состојките. Исцедете го лимонот и во смесата истурете го сокот од лимон и измешајте. На крај во смесата додадете ги исецканите бадеми и сè убаво измешајте. Затворете ја теглата и чувајте го лекот во фрижидер.