Јагодите се во сезона, а освен десерти, смути и овошни салати, ова омилено пролетно овошје е идеална состојка за нега на кожата на лицето. Покрај плодот, можете да ги искористите и листовите за да подготвите здрав чај.
За нега на кожата, природните маски кои сами ќе ги направите дома од свежи состојки ќе ја нахранат, хидрираат и освежат вашата кожа.
Во зависност од другите додадени состојки, маските се погодни за сите типови кожа.
-За сува кожа се препорачува маска од зрели мелени јагоди, павлака и мед;
-За мрсна кожа, млеко и белки пд јајца се додаваат во јагодите;
-За комбинирана кожа , јагодите се комбинираат со малку камилица и маслиново масло.
Направете здрав чај од листовите јагода
Покрај плодовите, многу корисни за здравјето се и листовите јагода, од кои се прави чај за лекување на болки во грлото, настинки и грип, а се покажал како ефикасен и за смирување на варењето.
Чајот се прави така што две лажички суви листови од јагоди се прелеваат со чаша врела вода и се остава да отстојат околу петнаесет минути.
Се пие топол, три пати на ден, по една шолја после јадење, а може да се користи и како гаргара при болки во грлото.