Направила шест операции на лицето, па признала дека се презира себеси: Но, градите се друга приказна
Кејти Прајс повеќе не можеше да молчи. Таа конечно даде свое лично мислење за својот физички изглед!
Поранешната манекенка и старлета Кејти Прајс не престанува да воодушевува со својот физички изглед. Странските медиуми пишуваат дека таа станала „зависна од естетска хирургија“ и дека речиси секој месец и се ретушира некој дел од телото.
Со седумнаесет операции на градите и шест операции на лицето, Кејти го промени својот личен опис, а сега за странските медиуми откри дека во својата куќа нема огледала.

Старлетата во интервју за „The Sun“ откри дека нема ни огледало во бањата.
“Не сакам да се гледам себеси. Мислам дека не сум слатка, а камоли убава… Иако бев на психотерапија, сè уште не разбирам зошто треба да направам естетска операција”, рекла таа и додала дека не се плаши од стареење.
„Не се плашам да стареам, иако се плашам дека нема да доживеам да бидам стара жена“, рече таа.
Да потсетиме дека Кејти неодамна ја шокираше јавноста на доделувањето на наградите „Гламур“ во Лондон кога се појави во скандалозно издание.
Додека настанот најмногу бараше помпа и гламур, Кејти Прајс беше во центарот на вниманието за, како што се вели, несоодветен фустан со висок шлиц.