НАПРАВИ НЕВИДЕНО ЧУДО ВО ПЕНАЛИ СЕРИЈАТА: Одбрани ЧЕТИРИ УДАРИ ОД БЕЛАТА ТОЧКА и ја однесе својата репрезентација во полуфинале! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Јужна Африка се пласираше во полуфиналето на Купот на африканските нации , откако по изведувањето пенали го совлада Зеленортски Острови со 2:1 (0:0).

Апсолутен херој на големиот успех на оваа селекција беше голманот Ровен Вилијамс, кој одбрани четири од пет пенали во пенал серијата!

По 120 минути игра немаше голови, се решаваа пенали, а токму тогаш на сцена стапи маестралниот 32-годишен голман на Јужна Африка.

Тој сопре дури четири удари од противничките фудбалери и со тоа ја одведе својата екипа во полуфиналето.

Јужна Африка во полуфиналето ќе се соочи со Нигерија.

Погледнете ги одличните одбрани на Вилијамс: