Напуштената вила на најпознатиот актер на филмови за возрасни потсетува на разврат: Никој не сака да купи куќа од човек обвинет за силување (фото/видео)
Еден од најпознатите актери во светот на филмската индустрија за возрасни, Рон Џереми, беше обвинет за силување и сексуална злоупотреба. Во својата кариера, тој сними околу 2.200 филмови за возрасни, но неговата кариера беше запрена по серијата обвинувања.
Против него беа покренати 36 обвиненија за напад и силување а некои злосторства датираат од 1996 година.
Тој ги отфрли сите обвинувања.
Тој помина извесно време во затвор, но судијата во Лос Анџелес одлучи дека Рон е некомпетентен да му се суди бидејќи има тешка деменција. Тој излезе од затвор на крајот на 2023 година и оттогаш е во приватна резиденција.
Наводно, тој таму добива деноноќна медицинска нега бидејќи ниту една медицинска установа не сакала да го прими, пренесоа странските медиуми.
На социјалните мрежи често можете да најдете снимки од неговата напуштена палата вредна повеќе од 8 милиони долари, која од 2016 година никој не сака да ја купи.