НАРАЧАЛ ТЕЛЕФОН ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ: Кога го отворил пакетот, се смрзнал од СТРАВ, полицијата не можела да поверува што гледа (ФОТО)
Неименуван млад човек од Леон, државата Гуанахуато, нарачал нов мобилен телефон преку Интернет и не можел да замисли дека ќе заврши во полициски извештај.
Пакетот пристигнал по пошта минатиот понеделник, а неговата мајка го зела пакетот и го ставила на кујнската маса.
Кога момчето стигнало дома и нетрпеливо го отворило пакетот, наместо мобилен телефон, внатре затекнал сцена која го исплашила.
Во кутијата имало рачна граната подготвена да експлодира. Кога ја видел внатрешноста на пратката, испаничил и веднаш повикал полиција, која го обезбедила просторот околу неговиот дом и ја деактивирала експлозивната направа.
Се уште не се знае кој ја испратил бомбата, а истражителите веруваат дека таа по грешка завршила во рацете на младиот човек.
Ваквите смртоносни средства не се новина, бидејќи се користат во пресметките на локалните нарко картели. Во изминатите шест години, полицијата запленила повеќе од 600 импровизирани „пеколни направи“ само во Гуанахуато.