НАСА го потврди непријатниот факт: Познатите прстени на Сатурн ќе „исчезнат“ во 2025 година, но лошите вести не завршуваат тука…
Прстените на Сатурн ќе станат невидливи од Земјата за само две години, според извештајот на НАСА.
Научниците од американската вселенска агенција рекоа дека масивните прстени, широки 175.000 милји (околу 281.635 километри), ќе исчезнат од погледот. И покрај нивниот огромен распон, прстените на Сатурн се дебели нешто повеќе од половина милја – што значи дека не можеме да ги видиме кога планетата „се навалува“ во нејзината усогласеност со Земјата. Сатурн има седум различни прстени кои се состојат од мраз, карпести остатоци и прашина. Тие можат да се видат од Земјата само неколку години пред да исчезнат од диапазонот.
За среќа, прстените ќе се наведнат кон Земјата во следната фаза од 29-годишната орбита на Сатурн, што ќе ги направи повторно видливи. Но, прстените на Сатурн, за кои се смета дека се формирале околу времето кога диносаурусите биле на Земјата, можеби ќе исчезнат засекогаш за околу 300 милиони години благодарение на процесот на ерозија.
Д-р Џејмс О’Доногју, поранешен научник на НАСА , во април изјави:
„Сè уште се обидуваме да утврдиме колку брзо се еродираат. Во моментов, истражувањата покажуваат дека прстените ќе бидат дел од Сатурн уште неколку стотици милиони години. Можеби звучи како долго време, но во историјата на универзумот ова е релативно брза промена“. Тој продолжи: „Можеме да кажеме дека имаме многу среќа што живееме во време кога постојат прстените“.
Сатурн, планетата „гасен гигант“ како Јупитер, е шеста најоддалечена од Сонцето во нашиот Сончев систем. Сатурн е девет и пол пати поголема од Земјата, пренесува mirror.co.uk.