Марс е најблиската планета до Земјата, но ниту еден човек досега не ги поминал 56 милиони километри до оваа планета. Но, сега постои лесен начин да го „истражите“ Марс и тоа можете да го направите од удобноста на вашиот дом.
Илон Маск неодамна издаде прогноза во која се вели дека 2029 година ќе биде првпат луѓето да стапнат на Црвената планета, додека НАСА е малку поконзервативна со проценката на времето, предвидувајќи „слетување“ кон крајот на 2030-тите или почетокот на 2040-тите.
НАСА лансираше нова интерактивна мапа која ви овозможува да ги истражувате карпите и кратерите на Марс. Џеј Диксон, научникот кој ја предводеше мисијата за обработка на слики, истакнува дека сакал да направи нешто достапно за секого.
“Учениците можат да го користат ова. Дури и мајка ми која штотуку го прослави својот 78-ми роденден. Нашата цел е да ги отстраниме бариерите за луѓето кои се заинтересирани да го истражуваат Марс”, додаде тој.
Интерактивната мапа на „Црвената планета“ е создадена во Калтек користејќи 110.000 фотографии направени од сателитот на НАСА Mars Reconnaissance Orbiter.
Мапата покажува голем број зачудувачки геолошки карактеристики со неверојатни детали, вклучувајќи карпести формации, кратери и ветрови. Интерактивната мапа можете да ја погледнете овде .