НАСА ја сними првата аудио снимка од планетата Марс: Луѓето ширум светот ја споредуваат со овој остров, а еве како навистина звучи (ВИДЕО)

„Некои звуци на кои сме навикнати на Земјата, како свирежи, ѕвона или песна на птици, би биле речиси нечујни на Марс“.

Лабораторијата на НАСА ги објави првите аудио снимки од Марс, кои се снимени со помош на микрофон на роверот Perseverance. 

„Роверот „Персевиранс“ носи два микрофони, што ни овозможува директно да ги снимиме звуците на Марс за првпат. Иако Земјата и Марс се сосема различни планети, можеби е утешно да се знае дека ако сте на Марс, сепак би можеле да звучите исто како и сега. Ако стоеше на Марс, ќе слушнеш потивка, попригушена верзија на она што би го слушнал на Земјата. На Марс, најголемата промена би биле звуците со висок тон, повисоки од повеќето гласови, некои звуци на кои сме навикнати на Земјата, како што се свирежи, ѕвона или песна на птици, би биле речиси нечујни на Марс “, се вели на официјалната веб-страница на НАСА.

Очекувано, фановите го преплавија видеото со коментари, а 
многу од нив го споредија Марс со островот Девон во Канада, најголемиот ненаселен остров во светот.