Елизабет Харли ги почести своите фанови со нов материјал од нејзиниот одмор; и додека таа ужива на Малдивите, нејзините следбеници уживаат во она што таа им го подарила.
Актерката и модел Елизабет Харли моментално одмара на Малдивите, а нејзините нови фотографии повторно се најдоа во центарот на вниманието, а се чини дека познатата убавица
која наскоро ќе наполни 60 години , сепак може да се класифицира како една од оние дами кои едноставно прекрасно стареат.
Во бикини од нејзината колекција покажа неверојатно витка линија и младешки изглед на кој би и позавиделе и многу помладите, а позираше во плитко со фокус на величественото зајдисонце. Сепак, чие внимание успеа таа глетка да го оттргне од неа? Речиси никој не…
„ Најпрекрасното зајдисонце на прекрасните Малдиви “, напиша Елизабет покрај видеото што го објави на Инстаграм.
Комплименти доби и за природно брановидната коса, а изгледот во бикини го комплетираше со големи очила за сонце.
На фотографијата направена малку порано таа позира во ист модел на бикини, но во различна боја, а се сликаше во профил, па нејзините витки нозе и задникот беа во преден план.