Насмевката која го разнежни светот: Погледнете ја среќата на момчето кое беше извлечено од урнатините по 30 часа (ВИДЕО)

Момчето поминало повеќе од 30 часа во урнатините на зграда во градот Арманаз во Сирија. Кога спасувачите го пронашле во текот на ноќта и го извлекле на безбедно, тој едноставно не можел да ја скрие својата среќа.

Неговата широка насмевка и радосниот израз на лицето го разнежни целиот свет.

Спасувачите неуморно трагаат по преживеани, бидејќи поради екстремниот студ и постојаните помали земјотреси, како и изминатото време, шансите за нивно пронаоѓање се намалуваат. Затоа ваквите моменти се особено драгоцени.