Наставниците во Велика Британија започнаа нов штрајк поради платите

Наставниците во Англија денес започнаа уште еден бран штрајкови поради платите.

Наставниците, членови на Националниот образовен синдикат (NEU), најголемиот образовен синдикат во Европа, ќе одржат протести и на 2 мај.

Националниот образовен синдикат ја отфрли владината еднократна исплата од 1.000 фунти за оваа година и понудата за зголемување на платите за 4,3 отсто, и побара „целосно зголемување на платите над нивото на инфлација“.

Претходно, синдикатот рече дека министерката за образование, Џилијан Киган, „сè уште може да ги избегне овие штрајкови“ со враќање на преговарачката маса со подобар предлог.

„Понудата за платите од страна на Владата е навреда за вредните наставници, со што не се призна ни кризата во образованието“, соопшти синдикатот минатата недела.

„На образовниот сектор му требаат повеќе пари и тоа сега. Ако Владата е сериозна во врска со образованието, треба да ја извади главата од песокот“, изјави вчера Кевин Кортни, генерален секретар на синдикатот, јави ТРТ Балкан.