Наставничката го убила партнерот, го закопала во двор, а потоа со неговата картичка купувала играчки за возрасни: Дневниците открија сè
Наставничката Фиона Бил (50) го намамила својот партнер Николас во спалната соба, го врзала за креветот и потоа му го пресекла гркланот.
По ладнокрвното убиство, таа го завиткала телото и го закопала во градината на нејзиниот дом во Нортхемптон. Таа потоа се преправала дека е тој, праќала пораки од неговиот мобилен телефон и нарачала вибратор преку неговиот профил на Амазон.
Бил се изјасни за виновна за убиство на својот партнер со кој беше 17 години и беше осуден на 20 години затвор. Телото на несреќниот маж беше пронајдено во март 2022 година, четири месеци по убиството. Во овој период, Бил ја покани мајката на Николас, Ивона на пијачка, додека нејзиниот син скапуваше во импровизиран гроб.
Сè било откриено кога полицијата ја посетила во викендицата поради загриженост за нејзината безбедност. Полицајците пронајдоа дневници во кои Бил опишала што правела под нејзиното алтер его Лале 22, што покажува друга страна на нејзината личност.
Во дневникот пишува дека го намамила во собата откако заедно се туширале. Додека тој бил во бањата, таа го сокрила ножот во џебот од фустанот и подоцна го ставила во фиока до креветот. Претходно купила длето, вреќи за ѓубре и кабли. Таа го натерала својот партнер да носи маска за очи.
Таа напиша дека убиството било потешко отколку што мислела дека ќе биде, особено движењето на телото. Таа пред судот изјави дека го убила затоа што ја контролирал и манипулирал со неа.
По пронаоѓањето на дневникот, беше откриено дека Николас не бил виден или разговаран од 1 ноември 2021 година, кога Бил тврдеше дека е во изолација поради Ковид.