– Со вечерашниот концерт во Домот на младината во Белград се обновува традицијата на проектот „БГ инвазија“, што првпат е одржан во 1992 година, а произлегува од натпреварот на бендовите од белградските гимназии. „БГ инвазија“ досега се одржал десетина пати, а на овогодишното издание, како специјални гости настапуваат и ученици од СУГС „Никола Карев“, членови на бендот „Црно собрание“.
„БГ инвазија“ се стреми да ги претстави средношколските бендови што постојат во белградските гимназии, а со вклучувањето на бендот „Црно собрание“ од Скопје, преминува во регионална смотра.
Организаторите на настанот велат дека за секој млад човек е важно бавењето со музика, затоа што така се развиваат способности, неопходни во понатамошниот животен пат. Се развива креативноста, тимската работа, социјализацијата и превенцијата на врсничкото и сите останати видови насилство, како и работна дисциплина, критичко мислење, самодоверба, толеранција.
Носител на оваа активност е Здружението на наставници по музичка култура на Србија, во соработка со СУГС „Никола Карев“ од Скопје, а под менторство на професорката по музичка култура Емилија Ристановска.
Бендот „Црно собрание“ го сочинуваат Мона Ристова – вокал, Доротеја Солунчева – вокал, Кирил Лазаревски – гитара, Мартин Атанасов – бас гитара, Павел Петковски – гитара и Дарија Манева – тапани.