Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја повика одбранбената индустрија да се однесува одговорно и да се воздржи од покачување на цените на своите производи.
„Се договоривме да го зголемиме купувањето оружје и муниција, ја обезбедивме побарувачката. Сега треба да обезбедиме зголемување на понудата“, посочи Столтенберг на форумот во Шведска и додаде дека цените не треба да се зголемуваат.
Тој го продолжи говорот велејќи дека инвестирањето во оружје „не е неетички“, бидејќи е нормално да се брани својот сојузник или својата слобода, пренесува Телетрејдер.
Како што се потсетува, вчера шефот на НАТО истакна дека војната во Украина ги „исцрпила резервите на НАТО“, и поради таа причина сегашното производство „мора да се зголеми“.