НАТО внимателно ги следи зголемените тензии на Западен Балкан, генералниот секретар испрати јасна порака: “Бидете убедени во тоа!“

„НАТО ќе направи се што е потребно за да обезбеди мир и стабилност на Западен Балкан бидејќи тоа е важно за цела Европа“, порача во вторник генералниот секретар на Северно-Атлантската Алијанса, Јенс Столтенберг.

Бидете уверени, НАТО ќе стори сé што е потребно за да ја одржи или обезбеди стабилноста во регионот, бидејќи тоа е важно не само за Западен Балкан, туку и за цела Европа“, посочи Јенс Столтенберг пред почетокот на состанокот на министрите на земјите-членки на НАТО, на кои меѓу другото ќе разговараат и за Западен Балкан на дводневниот состанок.

Јенс Столтенберг истакна дека во последните неколку недели, тензиите се зголемени на Западен Балкан, наведувајќи ја запаливата реторика во Босна и Херцеговина, сериозните насилни инциденти во северно Косово, вклучително и нападите врз војниците на НАТО, како и вооружениот напад од српската паравоена група во село Бањска во септември во која беа убиени тројца српски напаѓачи и еден косовски полицаец.

Јенс Столтенберг

Ова се сериозни инциденти и ние треба да останеме фокусирани на Западен Балкан во исто време кога, се разбира, се справуваме со војната во Појасот Газа и додека продолжуваме да даваме поддршка за Украина“, вели Јенс Столтенберг.

Ќе работиме тесно со партнерите, со сојузниците во регионот за да обезбедиме и направиме се што е можно за да ги намалиме тензиите и да спречиме ескалација на конфликтот“, додаде тој.

На прашањето дали очекува значителен пробив на украинските сили во војната против Русија во догледна иднина, Јнес Столтенберг порача дека е внимателен во своите предвидувања во однос на развојот на настаните на бојното поле, бидејќи војната по својата природа е непредвидлива.

Тој повтори дека украинските сили успеале да вратат околу половина од нивната територија, која беше окупирана од Русија од почетокот на војната во февруари минатата година.

Мораме да земеме предвид и дека, иако линијата на фронтот не се движеше многу, Украинците успеаја да им нанесат големи загуби на руските сили со крстосувачки ракети испорачани од сојузниците на НАТО“, порача Јенс Столтенберг и ја нагласи потребата да продолжи да ја поддржува Украина.