НАТО го зајакнува надзорот над Црното Море и го осуди излегувањето на Русија од Договорот за жито

НАТО денес соопшти дека го осудува повлекувањето на Русија од договорот за безбедно минување на бродови со украинско жито низ црноморските рути и најави засилен надзор над Црното Море.

Соопштението е издадено по состанокот на Советот НАТО-Украина формиран претходно овој месец за координирање на соработката меѓу Северноатлантската Aлијанса и Украина.

Сојузниците и Украина остро ја осудија одлуката на Русија да се повлече од Црноморскиот договор за транспорт на украинско жито и намерните обиди на Кремљ да го запре извозот на украинските земјоделски производи од кои зависат стотици милиони луѓе ширум светот. НАТО и сојузниците го зајакнуваат надзорот и извидувањето во регионот на Црното Море, вклучувајќи поморски, патролни авиони и беспилотни летала“, се вели во соопштението на НАТО.