Портпаролката на НАТО Фарах Далала денеска го осуди терористичкиот напад во Москва во кој загинаа повеќе од 100 луѓе.
„Јасно ги осудуваме нападите врз посетителите на концертите во Москва. Ништо не може да ги оправда ваквите грозоморни злосторства. Изразувам длабоко сочувство до жртвите и нивните семејства“, рече Далала на платформата Х (Твитер).