НАТО ја повика Русија да се повлече од Молдавија, Кишињев е подготвен да учествува во вежби на Алијансата
НАТО целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Молдавија, ја повикуваме Русија да ги повлече своите сили од територијата на земјата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на средбата со молдавскиот премиер Дорин Речан, во седиштето на Алијансата во Брисел.
-Москва продолжува да врши притисок врз Молдавија, вклучително и со енергетска уцена и ширење на дезинформации, настојувајќи да го дестабилизира општеството и да ја поткопа демократијата во оваа земја, кажа Столтенберг.
Тој посочи дека Молдавија одлучно одговорила на војната во Украина, осудувајќи го рускиот напад и ја подобрува сопствената безбедност. Молдавија може да смета на нашата поддршка, додаде генералниот секретар.
Според него, Алијансата ги поддржува подобрувањето на кибер одбраната и стратешките комуникации на Молдавија и изрази очекување дека тоа ќе и помогне на земјата на патот кон ЕУ.
Премиерот Речан посочи дека Молдавија би сакала да учествува не само во мисиите, туку и во вежбите на НАТО.
-Рускиот напад врз Украина не поттикна да преземеме дополнителни чекори за нашата безбедност и за зајакнување на општеството, институциите и нашата одбрана, додаде молдавскиот премиер.