Наум Стоилковски: “Зошто не е во притвор синот на Командант Баци ? Дали Оливер Спасовски возвраќа услуга ?“
Како е можно полиција да врати притвореник од суд дома додека се подготвува наредба за активен притвор, за следниот ден да го бара за носење во притвор, а притвореникот веќе е избеган ?
Оливер Спасовски не одговори каде е лицето Наим Самиу од тетовско Шемшово, синот на познатиот Командант Баци о УЧК, којшто треба да е во притвор ?
Лице во домашен притвор за две дела, со решение за затворски притвор за трето дело, едноставно – си оди, бега и го нема!
Едно од прашањата во јавноста е дали Оливер Спасовски возвраќа услуга на Командантот Баци од УЧК, со тоа што синот не завршува во Шутка ?
Дали е ова продолжеток на соработката со Командант Баци од времето кога СДС беше опозиција а Спасовски генерален секретар на партијата ?
Наим Самиу бил во куќен притвор заради дрога, како и со мерка заради семејно насилство, кога на 13-ти месецов повторно е пријавен за семејно насилство.
На 15-ти месецов полиција го спроведува до суд за трето кривично дело. Истиот ден се готви решение за активен притвор, наместо куќен притвор. Полицијата, сепак, го враќа дома, а веќе следното утро, на 16-ти полицијата не го наоѓа дома за да го спроведе во истражен затвор.
Срамно, недостоинствено и целосно понижување на полицијата!
Зошто е враќан дома и оставен без обезбедување ?
Зарем немало проценка дека ќе избега ?
Или и тоа е дел од операцијата!
Почитувани, граѓаните ќе ја испорачаат сметката на следните избори.
Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
„Во Центар“ (www.vocentar.com) овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.