Наум Стоилковски: “Со 40 милиони евра, наместо за лиценци, за три години ќе изградеа нова клиничка болница“
Почитувани,
СДС и ДУИ даваат 40 милиони евра во три години за лиценци за администрација.
Во 2020 година, рекордни 15 милиони евра, сега е срушен рекордот од 26 милиони долари, како аманет од Рашковски.
Пари на една фирма, фаворизирана од Драги Рашковски, сега од екипата на Димитар Ковачевски.
40 милиони евра за лиценци, додека системот КАТО на Онкологија е исклучен.
40 милиони евра за една фирма, додека луѓе умираа за Трикафта, а телефонски се собираат донации за лечење.
40 милиони евра за лиценци во истите три години додека нема учебници,
40 милиони евра за лиценци, а нема за плати, за пензии, за земјоделците.
Почитувани,
За споредба, со 40 милиони евра во три години можеше да се изгради цела нова клиничка болница. Лиценците на владата чинат повеќе од цела клиничка болница Штип!
Владата мора да одговори, зошто по само три години, со истата фирма избрана за 15 милиони евра, сега прави договор на 25 милиони евра?
Почитувани,
Расипништвото на СДС нема граници. Договорот за лиценци за безмалку 25 милиони евра, по оние 15 милиони евра пред три години, е потпишан на 1-ви септември, кога без учебници тргна школска година, а во јавноста изби грозоморниот скандал на Онкологија!
Почитувани,
Само избори се спасот!
СООПШТЕНИЕ – Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО – ДПМНЕ