СКАНДАЛ – Уапсена позната НБА ѕвезда! Кошаркарот на Хјустон Рокетс направил хаос во хотелот: Ја нападнал и брутално ја претепал неговата девојка поради бизарна причина !?

Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Американецот Кевин Портер Јуниор е уапсен под сомнение дека ја злоставувал својата девојка Кајсри Гондрезик.

Кајсри Гондрезик е 26-годишна американска кошаркарка која играше за Индијана Фајв и Чикаго Скај во ВНБА лигата.

Кајсри Гондрезик
Кајсри Гондрезик

Наводно, кошаркарот дошол доцна во ноќта во хотелот во кој биле сместени тој и неговата избраничка. Вратата била заклучена, па со помош на обезбедувањето влегол во собата.

Нервозната девојка, која во тој момент спиела, ја разбудиле бруталните удари на Кевин Портер Јуниор. Ја удрил неколку пати по лицето и ја давел со рацете.

По нападот била пренесена во болница на докторска евалуација, а нејзината состојба е стабилна. Таа се здобила со исеченици на лицето и болки во вратот, открил изворот на New York Post.

Кевин Портер Јуниор има 23 години и беше еден од најдобрите играчи на Хјустон Рокетс минатата сезона. Просечно постигнуваше по 19 поени по натпревар и шест асистенции.

Тој е познат по своето проблематично однесување надвор од теренот, па иако потпишал продолжување на договорот во вредност од 82,5 милиони долари, клубот гарантирал само 15,9 милиони долари.