Научниците дојдоа до откритие што може засекогаш да го спречи Ковид! Моќното антитело може да не заштити од идни епидемии
Новата студија одекна кај експертите кои четири години бараат потрајно решение
Научниците открија антитела кои можат да ги неутрализираат речиси сите познати варијанти на коронавирус, нудејќи надеж дека идните епидемии на коронавирус ќе бидат спречени.
Антителата првично беа изолирани од крвта на закрепнат пациент со САРС кој ја примил вакцината против Ковид- 19.
Медицинскиот факултет Дјук-НУС во Сингапур, кој го предводеше истражувањето, рече во соопштението: „Оваа уникатна комбинација на претходна инфекција со коронавирус и вакцинација генерира екстремно широк и силен одговор на антитела способен да ги запре скоро сите поврзани тестирани коронавируси“.
Добиени се шест антитела кои можат да неутрализираат повеќе коронавируси, вклучувајќи САРС-КоВ-2, ковид 19, неговите варијанти Алфа, Бета, Гама, Делта и Омикрон, оригиналниот вирус САРС и неколку други животински коронавируси кои ги носат лилјаци и панголин.
Најмоќното антитело, наречено Е7, работи на тој начин што таргетира одредена слабост во вирусниот шилест протеин , кој ги напаѓа клетките.
– Неутрализирачката моќ и ширината на антителото Е7 ги надмина сите други антитела на коронавирус поврзани со САРС што ги сретнавме. Ја задржа својата активност дури и против најновите подваријанти на Омикрон, додека повеќето други антитела ја губат својата ефикасност – вели авторот на студијата објавена во списанието „Science Advances“ д-р Чиа Ван Ни.
Избувнувањето на Ковид 19 пред речиси четири години доведе до глобална пандемија бидејќи досега невидена болест ја зафати човечката популација.
Бројни вакцини се развиени во рекордно време, но Ковид 19 продолжи да мутира и да создава нови варијанти, а ефективноста е ослабена.