Денес е особено тешко да се издвои занимањето кое би било најстресно со оглед на тоа дека секоја работа носи и одреден стрес. Сепак, по неколку години тестирање и истражување, кинеските научници издвоиле едно.
Лесно би можеле да претпоставиме дека првото место на листата на најстресни работни места во светот го заземаат докторите, пилотите, возачите на автобус и наставниците. Според едно истражување спроведено од еден кинески универзитет, најстресната работа е онаа на келнерите.
Ова откритие малку изненадува, бидејќи станува збор за работа со помала одговорност од, на пример, пилот. Но, ако размислите добро, резултатот е сосема валаиден бидејќи келнерите се постојано под ментален и физички притисок во текот на работното време, а стресот е многу висок.
За возврат, тие речиси и воопшто не се ценети, а како тоа да не е доволно, работата не е флексибилна. Конечно, за разлика од лекарите, келнерите немаат добра плата или признание. Научниците исто така откриле дека стресот предизвикува почесто посегнување по цигари и алкохол меѓу келнерите.
Оваа студија се спроведувала во рок од 17 години, а во неа учествувале 136.000 испитаници.